Пулексенија Јованоска испиша историја на Олимписките игри во Токио

5 август 2021

Пулексенија Јованоска е првата македонска каратистка што некогаш се натпреварувала на Олимписки игри.

Можеби не успеа да освои медал, но успеа да се пласира меѓу десетте најдобри и така да не' направи исклучително горди.

 

Таа освои 23,80 поени во првото и 24 поени во второто коло и постигна нов најдобар личен резултат.

„Каков ден. Испишав историја за македонското карате. Мојот сон реалност. Олимписки игри - Токио 2020. Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи, повреди, неправди... Презадоволна од се што дадов на татамите! Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на 9-тата позиција. Прво коло 23.80. Второ коло 24.00 (мој најдобар резултат). Горда на себе за секоја секунда помината во сала сите овие години!", напиша спортистката на својот Фејсбук профил.

 

Честитки за сите наши претставници на Олимписките игри, што со цело срце ја претставуваа Македонија и за сите успеси што ги постигнаа!

 

 

Објавено:
5 август 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.742 пати