Стајлинг на неделата #106: колор блок фустан + „мињони“ чевли

29 јуни 2015

Комплетно во духот на мега хитот, анимирианиот филм „Despicable me“, актерката Сандра Булок се појави во црно-жолто издание на црвениот килим на холивудската премиера на третото продолжение.

Специјално за убавата актерка, српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ дизајнираше фустан што ја следи темата на филмот и е во црно-жолта колор блок комбинација. Фустанот е во романтичен А крој, со широко здолниште и припиен горен дел.

Меѓутоа, највпечатливиот момент во целиот изглед на актерката не е фустанот, туку чевлите чиј дизајн е инспириран од малите херои во филмот, а ги креираше Руперт Сандерсон.

Чевлите станаа толку популарни што веднаш по премиерата се дадени на аукција. Се' уште не е познато колкава цена ќе достигнат, но сигурно е дека сите средства ќе бидат наменети за добротворни цели.

Објавено:
29 јуни 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот