Сара Џесика Паркер: Високите потпетици ми ги уништија стaпалата

5 август 2014

Сара Џесика Пакер признала дека носењето на евтини чевли на високи потпетици и ги уништиле стапалата . „Буквално трчав со нив и не ги соблекував по 18 часа дневно . Носев прекрасни модели, некои од нив беа згодни, некои не, но никогаш не се жалев“ – изјавила актерката. Паркер функционирала на овој начин се до снимањето на филмот „I Don't Know How She Does It" каде на пауза меѓу сетовите сфатила колкава штета и нанеле чевлите на висока потпетица – „Штетата е непоправлива. Бев на доктор кој ми потврди дека коските на стапалата ми се изместени  и дека самата сум виновна за се“.

Но Џесика не е единствената која се соочува со овој проблем. Неодамна Ема Томпсон на доделувањето на наградите на Националниот одбор за рецензија на филмови, наградата ја подигна боса, држејќи ги чевлите во раце. „Трпам големи болки кога носам штикли и затоа се откажав од нив. Бесмислени се! Апелирам до сите жени да престанат да ги носат. Јас бев нив се чувствувам навистина прекрасно“ – изјавила Томпсон.

Објавено:
5 август 2014
Категорија: 
Сцена