Преку мега хит серијата „Сексот и градот“ популарната актерка Сара Џесика Паркер стана позната по тоа дека е огромен љубител на обувки, а посебно оние потпишани од Маноло Бланик. Точно по 15 години од првото снимање на серијта, Паркер потпиша договор со Бланик, според кој таа ќе лансира сопствена колекција чевли.
-Преку серијата научив многу за чевлите а може да се каже и дека се навлеков на нив. Мислам дека луѓето очекуваа да дизајнирам сопствена линија обувки. Ќе видите прекрасни и уникатни модели кои имаат интересен спој на боите какви досега и не се комбинирале. Oсвен обувките, во линијата „SJP“ има и чанти кои се инспирација од 70-те и 80-те, зашто чантите се задолжителен спoј со обувките на една жена, изјавила Паркер за англиското издание на „Вог“.
Инаку, колекцијата „SJP“ ќе биде пуштена во продажба во Европа и Њујорк следната година.