Сара Џесика Паркер откри модел од нејзината колекција чевли

4 јануари 2014

sjp

Во септември минатата година е најавена големата колекција на чевли со потписот на Сара Џесика Паркер, но тогаш уште не се знаеше во кој правец ќе оди нејзиниот дизајн.

Сега, излезе првиот модел наречен „Диана“, од колекцијата, па веќе може да се претпостави како ќе изгледа колекцијата.

Со цена од 150 до 400 долари, колекцијата на чевли со високи потпетици под назив SJP ќе игра на карта на познатата опсесија на ликот Кери Бредшо, од популарната серија „Секс и град“. Многумина коментираат дека обувката многу потсетува на оние со потпис на Маноло Бланик, односно неговите Mary Janes стилето.

Токму таа чевла Кери во една од епизодите ја опиша како урбан мит, а сега ќе стане реалност. Колекцијата се очекува да биде достапна во февруари во стоковните куќи Нордсторм.

Објавено:
4 јануари 2014
Категорија: 
Сцена