Сара Џесика Паркер ја отвора својата прва продавница за чевли
•
27 февруари 2014
Актерката Сара Џесика Паркер ги отвора вратите на нејзината прва продавница за чевли сместена во стоковната куќа Нордсторм во Њујорк. Обожавателите на популарното филмско остварување „Сексот и Градот“ поминаа години гледајќи ја Кери Бредшо како купува од бутик во бутик и копнее по чевлите на Маноло Бланик и Џими Чу, Прада и Долче и Габана. Сега, нејзиниот сон се оствари, иако вели дека до неодамна можела тоа само да го замислува.
-До пред пет недели оваа визија ја доживував само како сон. Најдобриот дел допрва доаѓа, а мојот ентузијазам се повеќе добива на интензитет, изјавува Паркер.
Освен новините за новиот бутик за обувки кои несомнено ќе станат најпосакувани, актерката открива и дека работи на новата колекција пролет-лето 2015 година.