Сара Џесика Паркер лично ја претстави новата колекција чевли

10 март 2014

celebs-sjp_2845264k

Познатата актерка Сара Џесика Паркер конечно официјално ја промовираше и презентираше својата колекција чевли, која ќе биде достапна само во претставништвата на Нордстром. За таа цел таа направи неколку презентации во Лос Анџелес, Чикаго, Њујорк и Мајами.

-Декади и декади од неверојатна фантазија која ја имав во својата глава доби свое значење. Сакав да се вратам во времето на едноставните чевли, што е мошне тешко да се направи. Но, тоа беше појдовната точка на нашата инспирација - вели Паркер, која колекцијата ја направи во соработка со креативниот директор на Маноло Бланик, Џорџ Малкемус.

Но, во Нордстормс освен чевлите ќе се продаваат и палта и чевли.

-Ги сакав чевлите уште кога бев многу млада, но немав многу можности. Имав два чифта чевли во текот на цела година, поради што ми беше тешко особено во периодот кога станував девојка. Но, како што стареев, односно созревав, почнав да рабтам повеќе и да заравотувам, па си купував чевли - откри Сара.

Сепак, и покрај тоа што колекцијата го носи нејзиното име, таа не  ја крие соработката, односно партнерството со куќата Маноло Бланик.

sjp-4

-Навистина сакав да го изберам вистинскиот партнер, некој кого го познавам и знам дека знае да прави чевли. Некому кому му верувам. Некој кој ќе создаде чевла што ќе трае 5-10 години. Чевли што ќе вредат за цената што ќе ја платите - потенцира актерката.

За потсетување, СЏП колекцијата содржи 25 различни стилови - од сандали, преку чизми до апостолки. Секој од моделите има и свое име.

-Многу од имињата се од жени на кои им се восхитувам. Некои не сум ги сретнала никога, некои ми се пријателки, односно другарки. Имиња кои никогаш не би им ги дала на моите деца - се пошегува Сара.

Цената на чевлите се движи од 200 до 500 американски долари.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата од промоцијата на колекцијата:

article-0-1C18D0D500000578-461_306x700

article-0-1C18D14D00000578-796_306x700

article-2571509-1BF834A300000578-294_634x800

article-2575704-1C1E827D00000578-4_306x629

article-2575704-1C1E827800000578-141_634x867

article-2576625-1C247D6400000578-208_634x940

article-2576625-1C247D8400000578-193_634x864

article-2576625-1C247DD800000578-880_634x469

article-2576625-1C247DDC00000578-967_634x707

article-2576625-1C247DEC00000578-639_634x994

 

sjp-030614-_8

 

Објавено:
10 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци