Сара Џесика Паркер за Harper's Bazaar

7 август 2013

Актерката Сара Џесика Паркер ја краси насловната на септемврискиот број на американското издание на познатото модно списание. Таа му позираше на Тери Ричардсон, а за насловната избрана е фотографија на која носи златен фустан од Марк Џејкобс. Во интервјуто проследено со моден едиторијал таа зборува за семејството, кариерата и сопругот, но и за модата која и понатаму ѝ е голема страст.

 

 

Во моментов Сара Џесика е навистина возбудена поради новата линија на чевли наречена SJP што наскоро ќе ја лансира и на која соработува со Џорџ Милекмус, извршен директор на компанијата Маноло Бланик. „Креирањето чевли е толку многу интересно, веќе не мора да размислувам само за црна, кафена или неутрална боја“, вели Сара Џесика Паркер за процесот на дизајнирањето чевли кои ќе бидат со женствен облик и со необични комбинации на бои. Актерката позната по улогата на модно освестената Кери Бредшоу во серијата „Сексот и градот“ обожава да соработува со различни модни брендови, пред неколку години беше креативен соработник за Халстон, а има креирано и неколку парфеми.

 

sarah-jessica-bazaar-cover2

 

hbz-september-2013-sarah-jessica-parker-chanel-xln-85720448-640x960

 

sarah-jessica-bazaar-cover3

 

 

Објавено:
7 август 2013
Категорија: 
Актуел