Кристална сала за венчавка

29 август 2013

Кристал... Асоцијација на гламур, сјај, раскош и богатство. Ви претставуваме нешто спектакуларно и посебно за вашиот најубав ден. Спремни  да кажете Да и да запловите во брачниот живот, но во услови што ќе направат да се чувствувате посебно, како вие така и вашите гости. Денешните брачни парови сакаат да бидат оригинални во секоја смисла, па затоа декорацијата од кристали ќе допринесе за холивудски стил на просторот каде ќе ја правите веселбата. Наш предлог е да ангажирате лице за декорација, кај нас веќе постојат овие луѓе, тие само ќе ви кажат колку треба да платите а останатото ќе го средат сами. Во продолжение еве ви неколку предлози од декорирани кристални сали што ќе ве инспирираат и за вашата.

Објавено:
29 август 2013
Категорија: 
Бела соба