Нова атракција во Америка- фотографии од првото утро по венчавката
•
2 октомври 2013
Младите брачни парови во Америка се почесто актуелизираат нов тренд, а тоа е ангажирање фотограф за првото утро по првата брачна ноќ. Фотографијата е еден од најважниот елемент на секоја венчавка, зашто се дел од најсреќниот ден во животот и доказ за големата љубов.
Американските фотографи го претставија овој тренд со објавување фотографии токму по првата брачна ноќ, а многу брачни парови сакаат фотографиите да изгледаат беспрекорно и изнајмуваат луксузни апартмани за преноќување. Ако вашата венчавка се случува набрзо, разбранувајте ја и вие вашата фантазија и направете нешто уникатно што на нашите простори и не е така актуелно.