Тетоважа наместо традиционалната бурма од рацете на младенците

2 септември 2014

Не секоја млада брачна двојка преферира симболот на вечната љубов и верноста да го носат во вид на традиционалната бурма. Секако дека постои неконвенционална алтернатива за прстените, а тоа се тетоважите кои двојките најчесто ги изработуваат со некоја заедничка симболика, како иницијали, целосни имиња, во вид на прстен и што ли уште не.

 

Ако ги сакате тетоважите сигурно ви се допаѓа идејата наместо бурма да ставите тетоважа која нема ниту да ја загубите како што тоа може да се случи со прстенот, може само да бледнее, но во секој од случаите можете да ја обновите.

Изгледа оригинално, а симболичната поврзаност меѓу двајцата станува уште по уникатна. Досега многу брачни парови се одлучиле на овој чекор, а од галеријата во продолжение погледнете неколку вакви реализирани брачни тетоважи.

Објавено:
2 септември 2014
Категорија: 
Бела соба