Модни инсајдерки без страв од игла и боја

1 април 2014

Одредени луѓе активно инволвирани во модниот свет, практикуваат почесто своите случки од животот да ги овековечат во тетоважа. Во продолжение ви претставуваме три  девојки: фотограф, моден асистент и кастинг агент. Секоја од нив ги покажува своите тетоважи, која им е најдрага, но и приказните поврзани со истите како и совети до оние што набрзо планираат да го обојат своето тело.

 

Лани Ли- фотограф

-Моите тетоважи се уметност собрана од повеќе тату артисти на кои им се восхитувам. Некои од тетоважите што ги имам на себе се директно поврзани со мојата личност, потоа имам такова со портрет од мојата мајка. Посебно ги сакам малите тетоважи, а имам повеќе такви како: неколку датуми, иницијали, смешни изреки, љубовни, имам мала камера на зглобот и таа ми е омилена, зашто ми е мало потсетување за тоа што го работам. Многу долго време ги криев тетоважите, зашто родителите нормално не ми ги дозволуваа, сега се навикнаа и знаат дека тоа е мојот најлош порок. Мој совет до сите што сакаат да направат тетоважа, е дека ако тату атристот ви каже не, тоа значи дека тоа е навистина добра причина да се откажете.

 

Моника Бон-  моден асистент во магазинот Allure

-Кога требаше да одам во Лондон да студирам, чувствував голема несигурност во себе, тоа беа моите најтешки времиња, но знаев дека Бог ќе ме чува, а тоа некако ми даваше сигурност. Токму поради таа причина ја направив тетоважата „The love of God“. Исто така мојата омилена тетоважа е лик од мало маче на мојата дланка, која ме потсетува на мојот дедо кој ме нарекуваше Мони мачето. Пердувот пак под мојата града ја претставува слободата на изразување и пишување. Исто така морам да ги советувам сите што планираат да стават некоја тетоважа, најпрвин да размислат дали имаат безвременска приказна која никогаш нема да избледи.

 

Дреа Рамос- кастинг агент

-Омилена ми е првата тетоважа, мојот феникс.  Имам половина тату ракав за кој беа потребни 20 часа за изработка, а претрпев и многу болка. Розите од моите тетоважи ги симболизираат членовите на моето семејство. Розите се мое омилено цвеќе и се восхитувам на женственоста која ја претставуваат. Растев со многу силни жени околу мене кои пак ме обликуваа денес да бидам иста како нив. Ракавот се уште не ми е готов зашто тату артистот кој почна да ја изработува се пресели во Њујорк, но искрено помалку и се плашам зашто навистина треба многу храброст да се издржи болката. И мојот совет за сите што сакаат да се тетовираат е првин да знаат дека навистина боли, посебно на одредени места, а кога веќе сте одлучиле, најдете го вистинскиот мајстор за изработка и секако тетоважа за која подоцна нема да се каете.

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Тренд