Во текот на оваа година, се изнагледавме многу луксузни свадби, најчесто либански и руски. За оваа за која денеска пишуваме, се вели дека е на добар пат да биде најскапата за 2017. И секако, повторно се работи за руска свадба и тоа на рускиот милијардер Алексеј Шапалов и манекенката Кеснија Царицина.
Имено, тие двајца веќе неколку години се во брак и имаат две деца, но дури сега ја направија свадбената веселба за која сите зборуваат.
А ако свршеничкиот прстен што Алексеј и’ го даде на Ксенија, со огромен 70 каратен дијамант, беше вреден девет милиони долари, тогаш за венчавката не се очекува ништо помалку луксузно.
Веселбата е одржана во луксузниот хотел Барвикја во Москва , а внатрешноста по тој повод е украсена со многубројни цветни аранжмани.
Она за што сите зборуваат е и лебдечката торта, како венчалните фустани на Ксенија украсени комплетно со скапоцени камења.
Првиот е класичен фустан во стиот на Пепелашка, со срцевидно деколте и волуменозно здолниште. Вториот пак, е комбинација на транспарентна мрежа и тантела, со светкави украсни камења, што даваат посебно доживување под осветлувањето на салата.
„Беше неверојатно. Им благодариме на нашите пријатели што беа со нас тој ден. Им благодариме и на нашите семејства“, напиша манекенката на социјалните мрежи.
И покрај тоа што веројатно повеќето од вас ќе искоментираат дека се работи за расфрлање, факт е дека се работи за имотни семејства кои дефинитивно можат да си дозволат ваков луксуз за сите сфери во животот, а и факт е дека секој со своите пари располага како сака.
На нас само ни останува да посведочиме, макар и вака индиректно на луксузот и за момент да уживаме во современите бајки.