Направете го сами бидермаерот за вашата свадба
•
15 септември 2013
Вообичаено бидермаерот за невестата го изработуваат специјализирани цвеќарници по нарачка и тоа со најубавите цвеќиња и најразлични детали.
Доколку имате малку време да одвоите на денот пред вашата свадба, обидете се сами да си го направите својот бидермаер со цвеќиња што вие сами ќе си ги изберете.
Единственото нешто што ви е потребно е само малку време за да можете да ги соберете сите потребни материјали и секако инспирација, за која сме сигурни дека секој ја има кога станува збор за таков посебен ден за секоја девојка.
Потребно:
Цвеќиња по избор Украсна лента Ножици Свилена лента Бисерни игличкиВо галеријата подолу можете чекор по чекор да дознаете како да го направите својот букет од соништата.
Уживајте!