Цвеќарски трикови за аранжирање и одржување на цвеќињата

4 април 2016

Пролетта ја сакаме поради сонцето, зеленилото и секако цвеќињата. За сите вас што обожувате цвеќиња, ви пренесуваме неколку трикови како можете сами да ги аранжирате и одржувате за што подолго да ви траат:

1. Сечење под агол

Стебленцата сечете ги под агол од 45 степени, околу 2,5 сантиметри од долната страна. На тој начин се зголемува површината за впивање вода, со што цвеќињата ќе бидат добро хидрирани.

 

2.Шолја за чај наместо вазна

Не фрлајте ги цвеќињата со пократки дршки или стебленца. Наместо во вазна, ставете ги во шолја од чај. Сигурно дома имате некоја што не ја употребувате, а е идеална за вакво нешто. Дршките врзете ги со ластиче, за да не се растурат во шолјата, а со тоа ќе си ја олесните работата при менување на водата.

 

3.Затворените пупки отворете ги со топла вода

Да, токму така. Откако ќе ги исечете дршките како што напоменавме во број 1., ставете ги цвеќињата во чаша топла вода. После една минута, префрлете ги цвеќињата во вазна со студена вода и оставете ги 20 минути. Цветовите ќе се отворат максимално.

 

4.Вотка и шеќер за свеж изглед

Пред да ги ставите цвеќињата во вазна, во водата додадете неколку капки вотка и кафена лажичка бел шеќер што ќе го спречи овенувањето. Кога ќе забележите дека цвеќињата почнуваат да „умираат“, додадете чашка вотка во водата и ќе им го продолжите животот за ден или два.

 

5.Кактуси за десерт

Чашките или садовите за десерт се одлични саксии за кактуси. Едноставно наполнете ги со земја и засадете ги кактусите. Оставете ги на сончева светлива и по извесно време ќе забележите дека пуштаат корен. Не заборавајте да ги навлажните еднаш неделно и тоа со спреј и тоа горниот слој од земјата да биде мокар. Но, не претерувајте со водата.

 

6.Орхидејата сака мраз

Коцка мраз е совршен извор на хидратација за орхидеите. Откако ќе ги насадите во саксија со соодветна земја, наместо вода, користете една коцка мраз неделно. За поголеми орхидеи користете две коцки мраз во текот на неделата. Мразот бавно се допи и ѝ дава на орхидејата бавна хидратација, што значи дека не ја „дави“ во вода.

 

7.Транспарентна мрежа за вазна

Од транспарентна лента направете мрежа и ставете ја врз отворот на вазната. Така ќе го спречите паѓањето на кратките цвеќиња, а е идеална и за правење аранжмани. Можете да ги редите цветовите по големина и боја, бидејќи мрежата ќе ви овозможи прегледност.


8.Вазна во вазна

Пронајдете вазна што ќе ја собере во друга вазна, но да има околу сантим простор околу нив. Тој простор пополнете го со вода во која ќе исечете парчиња лимон ( за декорацијата од фотографијата потребни се девет лимони). Потоа само ставете ги цвеќињата во средната вазна и аранжманот е готов.

 

9.Сушени цвеќиња како украс

Без разлика дали се работи за еден цвет или букет што сакате да го сочувате, најдобриот начин да ги исушите цвеќињата е да ги врзете краевите на дршките или стебленцата со панделка и да ги ставите на ќош од рамка на слика на пример да висат или закачалка за клучеви. Ќе ви послужат како декорација, а и ќе ги сочувате.


10. Паричка за свежина

Само да е бакарна. Бакарот помага во превенцијата против создавање габи и бактерии додека цвеќињата растат, со самото тоа ја продолжува свежината и животот на цвеќињата.


11.Неутрални бои во домот – темни цвеќиња

Доколку домот ви е декориран во неутрални бои, тогаш одлично ќе прилегаат цветови во темни бои. На тој начин ќе создадете контраст, но и впечатливост во просторот во кој живеете.


12. Најубавите цветни ливчиња добијте ги со едно виткање

Ако сакате да ги искористите ливчињата од цветот за нешто, на пример од роза за убава купка или декорација, наједноставниот и најефикасниот начин е да со едната рака да го држите цветот, а со другата стебленцето и да ги завртите.


13.Декорација по бои

Ако сакате да добиете декорација во боја на виножито на пример, потребно е да ги одвоите цвеќињата и да ги наредите по боја и тоа на тој начин како што сакате да ви се гледаат. Потоа исечете ги стебленцата како во бр.1, и ставете ги боите во вазна, во секоја агол по редослед што сами ќе го одредите. Најдобро е првин да ги наредите најдолгите или најголемите, па потоа оние со средна големина и на крај, најмалите.


14. Вкрстени цветови

Ако сакате да направите „кружен“ букет, тогаш редете ги цвеќињата вкрстено и сè така додека вазната не биде полна.


15.Украсете ги вазните

Едноставните чаши или вазни украсете ги со панделка, тантела, коноп или било што што ќе ви падне на ум, а со цел да му дадете на аранжманот карактер.

Објавено:
4 април 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
6.099 пати