Несекојдневна кампања за венчаници на Вера Ванг за есен – зима 2014/15

14 август 2014

Наместо романтичен изглед, во новата кампања на Вера Ванг преовладуваат бунтовни моменти надополнети со неуредна фризура и без шминка, а за дополнителен ефект фотографиите се во црно – бел контраст.

Џозефин Ле Тутор е заштитно лице на новата кампања на Вера Ванг, а за потребите на истата позираше пред објективот на фотографот Патрик Демаршелер. Свадбата е најубавиот ден во животот на секоја жена, а моделот кој е избран да глуми невеста одлично ја одигра своја улога за колку што е можно одблиску да ја пренесе еуфоријата на секоја младенка.

Објавено:
14 август 2014
Категорија: 
Бела соба