Што мислите колку чини да се проба венчаница на Вера Ванг?

19 септември 2013

Vera-Wang

Невестата која ќе плати 500 долари има право да биде 90 минути во салонот на Вера Ванг во Шангај. Овој потег привлече многу негодувања затоа што очигледно дека кинеските клиенти Вера ги третира поинаку од американските.

Венчаниците се скап бизнис, но изгледа дека Вера Ванг сепак малку претерала со своите нови правила.

Износот од 500 долари што една невеста треба да го плати ако сака да ги испроба фустаните на дизајнерката служат како капар, кој се одбива од вкупниот износ, доколку идната невеста се одлучи да купи фустан. Но, ако таа не најде ништо за нејзин вкус, ги губи тие 500 долаи, затоа што кај славната дизајнерка враќање нема.

Оваа одлука наиде  на негативни реакции, затоа што е очигледно дека третманот за кинеските и американските клиенти  не е ист, но Ванг се правда дека поради големиот број лажни фустани во Кина, таа се обидува да го осигура тоа што е нејзино.

Објавено:
19 септември 2013
Категорија: 
Сцена