Брендот Nº21 ја лансираше новата капсулна колекција невестински чевли. Новите модели велат, ги посветуваат на кул невестите, а инаку, колекцијата е наменета за продажба во „Хародс“.
Се работи за еден модел, кој што доаѓа во две варијанти – на висока потпетица и рамни.
Всушност, не се работи за класични чевли, туку за влечки, со неправилна панделка во предниот дел, што некои ги потсетува на невестинскиот букет, со кристална шнола од страната.
Моделите доаѓаат во четири бои и тоа розова, небесно сина, сребрено сива и морнарско сина, што повторно ги прави поразлични од досегашните.
-Се надеваме дека ова ќе бидат новите омилени обувки на невестите. Голем дел од нив имаат проблем при облекувањето или соблекувањето, па затоа ние направивме обувка во која ногата ќе биде слободна. Идеални се и за венчавки на плажа, а се надеваме дека за многумина сините ќе бидат она „нешто сино“ што треба да го имаат на големиот ден – велат од брендот.
Брендот претходно имаше сличен модел од кожа, во златна, бакарна, црна и бела боја.
Цената на новите обувки се движи од 748 до 824 долари, во зависност од тоа за каква потпетица ќе се одлучите.