Иако во моментов е актуелна со светскиот филмски хит „Осумте на Оушн“, музичката дива Ријана најде време да создаде нова колекција за нејзиниот омилен бренд Пума.

Истата ја нарече „Surf Slide“, а во неа смести кул влечки во флуоресцентни бои за кои знаеме дека ќе станат хит за многу кратко време.

Колекцијата е инспирирана од сурферите, морето и големите бранови, а истата асоцира на слобода и адреналин.

Новите обувки од брендот можете да ги најдете во три бои – јака зелена, морско сина и бело – жолта со црни детали.

Последно, таа креираше за брендот минатата година кога создаде неверојатно шик балетанки со панделки, кои му донесоа огромна заработка на брендот.

Изминатата година, компанијата објави дека профитот во првата четвртина на 2017 – тата година им се зголемил за неверојатни 92 проценти како резултат на соработката со музичката дива.

Извор и фото: Fashion.hr

Објавено:
25 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.001 пати