Излезе новиот трејлер за „Осумте на Оушн“

Премиерата на остварувањето „Осумте на Оушн“ е закажана за 8. јуни, а завчера излезе и вториот трејлер кој уште повеќе ја разбуди љубпотиноста кај оние што со нетрпение го очекуваат.

За потсетување, дејството е врзано за кражба на ѓердан вреден 150 милиони долари за време на МЕТ Галата. 

Кејт Бланшет, Сандра Булок, Сара Паулсон, Минди Калинг, Хелена Бонам Картер, Ен Хатавеј, Ријана и Авквафина се осумте жени во главните улоги.

Во трејлерот се открива и која како изгледа за време на МЕТ галата. Погледнете.

Објавено:
14 април 2018
Прегледно:
551 пати