Шакира пее заедно со синовите во новата емотивна песна Acróstico
Популарната пејачка Шакира продолжува да создава песни директно инспирирана од случувањата во сопствениот живот.
Така е и со последниот запис наречен Acróstico, емотивна нумера која е посветена на нејзините деца. На големо изненадување на фановите колумбиската ѕвезда во спотот пее заедно со 10 годишниот Милан и 8 годишниот Саша.
Гордата мајка со насмевка ги гледа додека свират на клавир и пеат стихови од Acrósticо. Преслатките момчиња очигледно го наследиле талентот за музика од мама Шакира.
Во видео записот можат да се видат и низа фотографии од дечињата кога биле бебиња.
Пејачката става мал акцент и на неодамнешната преселба во Мајами, Флорида - неотпакувани кутии како асоцијација за новиот почеток после турбулентната година.
Шпанскиот фудбалер Жерард Пике, кој неодамна се пензионираше, лани стави крај на 12-те години поминати заедно со Шакира.