Во „трендинг“ на Јутјуб: Младата Марија Спасовска ја објави новата песна „Опасно“

Младата поп пејачка Марија Спасовска, за кратко време објави уште една нова песна.

„Опасно" е насловот на новата нумера која за неполни два дена се најде на трендинг на Јутјуб со преку 30.000 прегледи.

Како и за претходните песни, така и на оваа автор на музиката и текстот е токму Марија, додека пак аранжманот е дело на Ивајо.

Марија и нејзиниот тим снимија и интересен видеоспот, кои го изработија момците од „Урбан рекордс", во кој покрај неа се појавуваат уште десетина други статисти...

Објавено:
19 мај 2023
Прегледно:
243 пати