Идни невести, пристигна новата 2015 колекција венчаници од омилениот либански дизајнер на сите времиња – Зухаир Мурад.
Како и секогаш, така и овојпат, Мурад создаде магични и совршени венчаници за сите девојки кои што сакаат да изгледаат волшебно на „големиот ден“.
Неговата нова колекција нуди различни стилови на венчаници за сечиј вкус, почнувајќи од балски фустани, па се до транспарентни кои што ја следат линијата на женското тело.
Како и досега, така и овојпат, Мурад користи многу тантела, висококвалитетен тул, транспарентни нежни материјали, свила и безбројни апликации од магични цветови.
Дизајнерот и овојпат нуди модни додатоци за коса во златна боја кои што ги поставува на челото, но и раскошни велови од кои некој порабени со прекрасна тантела.
Во комбинација со нежната шминка и ретро брановите во косата, невестата на Зухаир Мурад за следната година е мистична убавица која остава раскошен впечаток!