Оваа прекрасна пролет и сезона на венчавки ја дочекуваме со нова колекција од омилениот дизајнер на жените – Зухаир Мурад!
Тој по кој знае кој пат докажа дека е единствен кога станува збор за венчаници, создавајќи фантастична bridal колекција за која сме убедени дека ќе ја обожаваат сите идни невести.
Како и вообичаено, дизајнерот се фокусираше на претежно долги фустани украсени со неверојатни додатоци меѓу кои и бисери, луксузни кристали и светки, совршена тантела, неверојатни рачни доработки и што уште не.
Речиси сите фустани од колекцијата се во бела боја која сѐ уште важи за една од најпосакуваните меѓу невестите.
И овој пат, во колекцијата на Мурад се сместени раскошни велови направени од висококвалитетни материјали, украсени со рачни везови, тантела и кристали во горниот дел кои служат и како венче.
Кампањата е снимена на вистински бајковито место, покрај море, каде всушност секоја девојка си ја замислува својата венчавка.
Погледнете ги новите модели на дизајнерот и уживајте во уште една негова магија!