Нова веб страница за венчаници на Елена Лука

31 март 2017

Модната куќа Елена Лука ја објави својата нова веб страница посветена исклучиво на колекциите венчаници.

Овде ќе имате можност да ги погледнете најновите модели на венчални фустани од последната колекција венчаници на Елена Лука, да се информирате за новите тенденции, но исто така и да „пролистате" низ богатата галерија со венчаници од претходните колекции на брендот.

Покрај тоа, на овој онлајн сајт ќе може да погледнете и фотографии „зад сцена" за време на фотосесиите, како и да се информирате повеќе за модната куќа и за двете ателјеа во Скопје и Струмица.

Новата интернет страница на Елена Лука може да ја посетите на овој линк.

Објавено:
31 март 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
830 пати