Нова визија на венчалните фустани во Индија
•
12 декември 2013
Свеж и нов изглед ќе имаат идните индиски невести, а благодарение на брендот Рагхавендра Раторе. Всушност, новите географски одредници на венчавките, бараат и поинаква облека.
Така, венчавките на егзотични места како Тајлланд или Монако, имаат силно влијание врз тоа што ќе го одберат и идните невести, кога се работи за модниот сензибилитет.
Класичните модели и кроеви се заменети со полесни и модерни силуети со минимални украси и вез, а со акцент на кројот и стајлингот.
Модерните „слим“ палта усогласени со сарито и Бандхала јакни искомбинирани со тенки панталони даваат еден сосема модерен изглед.
Луѓето од тамошниот моден свет велат дека ренесансата на невестинската мода во Индија започнува.