Обемен предлог на фустани за деверици

12 мај 2014

Сезоната на свадби е во полн ек. Она на што сигурно морате да потрошите време, освен за изборот на вашата венчаница, добра идеја е  да им помогнете и да ги насочите вашите деверици(доколку ги имате) околу изборот на нивните фустани. Пробајте да се забавувате додека заедно ги изберете фустаните, зашто тоа е одличен момент да поминете време со нив и да уживате во моментот. Ако сте се одлучиле да носите чисто бела венчаница, првиот избор за аутфит на девериците се црните фустани. Меѓутоа, постојат толку многу алтернативи на располагање, што со мала заедничка помош и малку креативност ќе бидете модно компактни. Она што секогаш е пресудно во изборот, е изгледот на девериците да се совпадне со декоративната тематика на венчавката, но и на сензибилитетот на венчаницата што вие ја носите. Правило за девериците е да носат иста боја, но не значи и дека мораат да носат исти модели на фустани.

 

Според традицијата, девериците исто така можат да ја изберат и должината на фустаните, а ние ве советуваме дека можат да си дозволат и мини, миди и макси фустани. Да се биде деверица е чест, а не обврска. Баш поради тоа деверицата-те, мора да изгледаат добро и компактно со невестата. Во продолжение ви нудиме обемна галерија од модели на тоалети и коктел фустани за деверици, од кои се надеваме ќе најдете и според вашиот и вкусот на вашите деверици.

 

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Бела соба