Ова е најпопуларната венчаница на „Пинтерест“

12 август 2016

Најпопуларната венчаница на социјалната мрежа „Пинтерест“ се вика „Холи“ и е дел од понудата на австралискиот бренд „Грејс ловс лејс“ (Grace Loves Lace).

Според податоците од споменатата мрежа,, овој фустан бил пинуван, односно поставен на мрежата повеќе од 2.5 милиони пати.

Инаку, се работи за куса венчаница, со тантела, на која потоа ѝ се додава широко, лелеаво здолниште, во комбинација со транспарентни и тантелни линии. Од брендот велат дека е достапна од XXS до XL, што за многумина е изненадувачко.

Основачот и креативниот директор, Меган Зимс, го основала брендот затоа што и самата имала потешкотии да ја најде совршената венчаница.

Како вљубеник во тантелата, таа во понудата има токму такви фустани, а благодарение на „Пинтерест“ конкретниот модел се продал за многу кратко време.

Токму затоа, од брендот одлучиле да создадат нова едиција на фустанот, насловена како „Холи 2.0“, чија цена ќе изнесува 1.870 долари.

Објавено:
12 август 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
7.458 пати