Француската дизајнерка Лори де Сагазан понуди прекрасен избор на бохо венчаници за сите девојки кои следната година ќе го кажат судбоносното „да“.
Сите оние кои се вљубенички во нежниот романтичен бохо стил, дефинитивно во нејзината колекција ќе го најдат совршеното, бело парче.
Доколку припаѓате во тој круг на девојки и барате венчаница што изгледа како штотуку да е излезена од бајките, тогаш дефинитивно погледнете ја понудата од нејзината нова колекција за 2015 – та година.
Опуштените, но сензуални линии на венчаниците на посебен начин го истакнуваат телото на секоја девојка, а сексапилните отворени делови на грбот и деколтето на суптилен и совршен начин ја покажуваат женственоста.
Венчаниците се изработени од висококвалитетна свила и памук со додатоци од тантела и извезени со нежен свилен конец. Истите се идеални доколку вашата венчавка е закажана за пролет или пак за некој од топлите летни денови.
Во понудата на одличната дизајнерка има и неколку дводелни модели како комбинација од раскошни блузички и лежерни долги здолништа.
Во продолжение, погледнете некои од најубавите модели од новата колекција на романтичната Лори.