Француската дизајнерка Laure de Sagazan креира романтични венчаници кои со својата бохо естетика не се далеку од актуелните трендови што ги наметнуваат и познатите „high street" брендови.
Токму поради тоа, ова се венчаници идеални за невести кои сакаат својот венчален фустан да го носат и по свадбената церемонија, односно ќе може да го комбинираат во некоја следна прилика како свечен фустан или дури и на некој неформален коктел.
Дизајнот по кој е препознатлива оваа креаторка е едноставен, имплементирани се чисти и минималистички форми и линии, а најчесто го носат романтичниот дух на 70-те години.
Освен венчаници, оваа дизајнерка креира и наменски невестински чевли, како и други невестински модни додатоци, како цветни детали за коса, турбани и ретро украси.