Познати дами ќе носат венчаници на отворањето на Саемот на венчавки

9 март 2016

Викендов по 6-ти пат ќе се одржи Саемот на венчавки во хотелот Александар Палас, а во организација на интернет магазинот www.vobelo.com.

Саемот официјално ќе биде отворен во петок со модна ревија на венчаници и костуми што ќе ги носат познати личности, а помеѓу нив: Ана Коцева, Елена Ристевска, Маја Поцевска, Викторија Лоба, Јована Стаменковиќ, Марјана Станојковска, Светлана Црнокрак, Јана Бурчевска, Дани, Рената Кралевска, додека машки костуми ќе носат победникот на Големиот Брат Дарко (Спејко) и  Мики Црнокрак.

Саботата и неделата саемот е отворен за сите посетители од 9 до 21ч, а влезницата е 60 денари. Посетителите во сабота ги очекуваат неколку ревии од модните студиа Пепика Атеље, Лебед и перформанс од модната куќа Елена Лука. Со свој музички перформас ќе се представи и гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска кои ќе ги видиме и на отворањето.

Неделата е со уште побогата програма, што во 12ч со свој перформанс ќе ја отвори модната куќа Елена Лука, а потоа на секој час ќе има по една модна ревија на венчаници и костуми, а ќе настапат Матра Брајдл, Мила Кадриу, Драма Брајдл, Нена Конели, Елизабет Дизајн, Тивес...

Во 18ч е закажано и извлекувањето на две награди од нашите учесници Флај Кам и Убави Моменти(Бг). Продукцијата Флај Кам на најсреќните млади ќе им подари ексклузивно свадбено видео снимено и со дрон во вредност од 500 евра, а Убави Моменти ќе им подарат специјализирани свадбени магнети.

„Сите наши изложувачи на посетителите ќе им подарат и посебен саемски попуст. Се на се ве очекува прекрасна забава која не сакате да ја пропуштите“, велат организаторите.

Овогодинешни излагачи на саемот за венчавки се: модната куќа Елена Лука, Mcouture by Mila Kadriu, Атеље Нена Конели, Атеље Форевер, Атеље за венчаници Пепика, Dea Sposa, Атеље Лебед, машка мода Сињори, Italian style by Tives, Елизабет Дизајн, Дива Атеље, Драма Бридал Fabres, Tuc, Duni, Casamento, Fancy Marriage, цветен дизајн Еделвајс, цветни декорации Грација, Дуни, Комако, Импакт Груп, фото студио Јасмина, Продукција за свадбена кинематографија Flycam, фото Ивама, Струга, свадбена кинематографија Мјелма, свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita, Танчевски Комерц, , ресторан Маркиз де лукс,  ресторан Роџер Пиано, Александар Палас, ,ексклузивен накит од Сигма, кетеринг Гала Кујна, винарија Филовски и други. 

Објавено:
9 март 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.147 пати