Саем на венчавки од 11 до 13 март

5 февруари 2016

Шестиот “Wedding Weekend” или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотелот Александар Палас од 11 до 13 март.

За отворањето организаторот подготви специјална програма, односно модна ревија на венчаници и машки костуми и специјален перформанс и ревија на накит. Ревијата ќе се одржи во саемските сали на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции. 

Минатата година за прв пат креациите ги носеа познати личности, а истото ќе биде случај и оваа година. Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне на идните младенци во решавањето на дилемите, па освен венчаници и костуми, ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др. 

Влезницата за саемот е 60 денари, а се купува на самото место и е воедно  ваучер што ќе им овозможи попуст на сите во текот на целата година кај излагачите. Саемот е отворен за посетителите во сабота и недела 12-13 март од 09 до 21 часот. 

Овогодинешни излагачи на саемот за венчавки се: модната куќа Елена Лука, Mcouture, Атеље Нена Конели, Атеље Форевер, Атеље за венчаници Пепика, Dea Sposa, Атеље Лебед, машка мода Сињори, Italian style by Tives, Елизабет Дизајн, Дива Атеље, Драма Бридал Fabres, Tuc, Duni, Casamento, Fancy Marriage, цветен дизајн Еделвајс, цветни декорации Грација, Дуни, Комако, Импакт Груп, фото студио Јасмина, продукција за свадбена кинематографија Flycam, фото Ивама, Струга,свадбена кинематографија Мјелма, свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita, Танчевски Комерц, , ресторан Маркиз де лукс, ресторан Роџер Пиано, Александар Палас, ексклузивен накит од Сигма, кетеринг Гала Кујна, винарија Филовски и др.

На самиот настан ќе има околу десетина модни ревии. Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот Во Бело www.vobelo.com

Објавено:
5 февруари 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.249 пати