Дизајнерката Рим Акра е позната по своите луксузни тоалети и венчални фустани. Кога се трендовите за зима 2016 во прашање, дизајнерката повторно ја става тантелата во центарот на внимание.

Складни силуети и деколтеа се уште заедничка црта на креациите, како и транспарентноста. Па доколку сте од оние невести што посакуваат похрабар избор за вашиот посебен ден, можеби овде ќе ја најдете инспирацијата.

Таа во оваа колекција вметнува и интересни и необични модни додатоци, како комплетно украсени слушалки за уши. Нешто слично на она што Долче и Габана го направија во последната нивна колекција. 

Акра размислувала на сите стилови и невести, така што доколку сте во потрага по вистинскиот фустан, погледнете ја галеријата погоре и инспирирајте се.

Објавено:
1 декември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.320 пати