Неконвенционални венчаници од есенските дизајнерски колекции

13 март 2015

Во време кога сите невести сакаат да се издвојат од толпата и да се истакнат со малку поинаков венчален фустан, ги издвоивме сите неконвенционални од модните недели.

Ова е вистинскиот текст за вас доколку во екот на свадбената сезона планирате да го кажете судбоносното „да“.

ralph-lauren-fw15-nyfw-runway-26

Сега кога им ставивме крај на модните недели, можеме слободно да кажеме дека имаше голем број неодоливи фустанчиња во бројните есенски колекции на светските дизајнери кои без проблем можат да се употребат како венчални.

anna-sui-fw15-nyfw-runway-49

Во нивната понуда има венчаници за сечиј вкус: почнувајќи од тантелни и нежни за вљубеничките во романтиката, потоа секси и транспарентни, целосно лелеави, бохо со реси, но и одлични бели костими за супер промена.

maiyet-rtw-pfw-15-runway-25

Токму во овој текст ќе ја најдете совршената инспирација и идеја за вашата идеална свадбена комбинација, а особено ќе ви помогне ако имате уште многу малку време до свадбата, а сѐ уште не сте одбрале фустан.

dolce-gabbana-fw15-mfw-runway-17

Во продолжение во галеријата, погледнете 50 различни креации на фустани што би можеле совршено да се вклопат во вашиот голем ден!

Објавено:
13 март 2015
Категорија: 
Бела соба