Романтични венчаници со потпис на Роберт Север

1 април 2015

Откако неодамна ја претстави кампањата за актуелната колекција Eccessivo, хрватскиот дизајнер Роберт Север ја лансираше новата колекција со наслов White.

Кампањата традиционално ја потпишува фотографката Маре Милин, а овојпат таа направи одлични фотографии на кои ги претстави сите модели од венчалната колекција на брендот Север.

Навидум многу едноставни, венчаниците на Роберт Север се изработени од прекрасна свила, чија цврстина ги нагласува јасните облици на фустаните.

Овојпат, венчаниците варираат од нежна бела боја во неколку наврати прекриена со светкави детали, но има и неколку модели во романтична и нежна крем боја.

„Инспирација ни беа едноставните форми, архитектурата и идејата на безвременска елеганција. Сакавме нашата прва „Бела“ колекција да биде селекција на прекрасни фустани во кои секоја наша клиентка ќе заблеска, но и во која ќе се чувствува прекрасно и посебно. Основната идеја на оваа колекција беше да создадеме фустани со едноставни и чисти линии, а деталите да им дадат една поинаква, шик димензија“, велат од брендот на Роберт Север.

Дел од фустаните се со нагласен гол грб, како една софистицирана форма која открива една поинаква, мистична сензуалност.

Во продолжение, погледнете ги сите модели од одличната „Бела“ колекција на брендот Роберт Север.

Објавено:
1 април 2015
Категорија: 
Бела соба