Елегантната ексцентричност на Вирџинија Вулф во кампањата на Роберт Север

29 септември 2014

Роберт Север и Бранко Баслетиќ, се двајца дизајнери кои решија да ги здружат своите креативни сили и заедно да се обединат во модниот бренд Роберт Север.  Официјално колекцијата насловена „Вирџинија ќе можеме да ја видиме на претстојаната хрватска модна недела Первол Fashion.Hr која ќе се одржи од 14-18 октомври. Модниот двоец заедно со својот креативен тим ја лансираа и одличната кампања за сезоната есен-зима 2014/15, токму за оваа колекција, која ја фотографираше Маре Милин.

Оваа prêt-a-porter колекција ја сочинуваат триесетина модели и комбинации од истите, каде основната инспирација влече корени од 20-тите години на изминатиот век, имплементирајќи ја женската силуета која во тоа време била новитет.

Креативната идеја на кампањата претставува игра на екстериерот кој совршено се надоврзува со темата на колекцијата чиј фокус е женската комплексност. Заштитно лице на кампањата е младата Ива Марушиќ која не соработува прв пат со Роберт Север. Ова е нивна втора соработка, а Ива одлично ја отелотвори идејата на двајцата дизајнери кои сакаат нивните модели да ги носи имагинарната муза која е синоним за елегантна ексцентричност, Вирџинија Вулф. За фризурата се погрижи Роберт Север, а шминката е дело на Ана Рајиќ.

 

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија