Наскоро филм за љубовта на Вирџинија Вулф и Вита Саквил Вест

10 февруари 2017

На светската филмска сцена се подготвува ново остварување и тоа за познатата писателка Вирџинија Вулф.

Во главната улога ќе биде Ева Грин, а режисер ќе биде британката Чанија Батон. Насловот на биографското остварувањето е „Vita&Virginia“, и ќе ја следи љубовната приказна на писателката со поетесата Вита Секвил Вест, која ќе ја толкува Гема Артертон.

Сценариото е пак на Ајлин Аткин, која ја игра кралицата Мери во серијата „Crown“.

Ева Грин како Вирџинија Вулф

-Фокусот на времето во 1927/28 година, кога Вулф ја создава новелата „Орландо“, инспирирана од нивната врска, ме инспирираше да го создадам филмот, кој ќе биде љубовна приказна, со живописни описи на креативност, и ќе биде преставена перспективата на една од најлегендарните женски писателки. Жените од минатото често ги поврзуваме со опсесија, прврзани за домот, како ги извршуваат должностите на бракот, но „Vita&Vigirnia“ ќе понуди една нова перспектива – објаснува режисерката.

Гема Артертон како Вита Секвил Вест

Вулф и Вест се запознаваат во 1922 година и започнуваат афера и покрај фактот што и двете се веќе мажени.

Инаку, филмот нема да биде само за животот на писателката, туку и за елитата на англиските автори и модернистите од тоа време.

Објавено:
10 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
344 пати