Кан испрати модна порака: Сирена кројот е АУТ, комбинезоните се ИН

22 мај 2014

Холивудските диви за 67-мото издание на филмскиот фестивал на Кан решија промовираат брановидни и по малку лежерни фризури во комбинација со делумно гламурозен избор на модни креации каде најдоминантни беа комбинезоните.

Еден од најзабележителните стајлинзи беше комбинезонот во беж боја во комбинација со црн светкав материјал во пруги што 47- годишната актерка Софи Мерсо го носеше на забавата која ја организираше модниот крај Џорџо Армани. Креацијата беше дел од најновата колекција Армани Прајв.

Софи Мерсо и Џорџо Армани Софи Мерсо и Џорџо Армани

Оскаровката Џенифер Лоренс и британската актерка Гема Артертон, одлучија да се појават во комбинезони во црна варијанта и ѝ се приклучија на Софи Марсо. Артертон, реши комбинезонот да биде на модниот бренд Галван од Лондон, чие мото за ова лето е „модерно, едноставно и тренди“.

„Навистина е удобно и неверојатно елегантно. Јас сакам да танцувам и вечерва, безгрижно да се движам по црвениот килим и самоуверено да позирам пред камерите. Долгите тоалети и фустани се навистина симпатични и се вистински предизвик за секоја жена особено за нас ѕвездите кои секогаш треба да изгледаме беспрекорно. Но сепак, тие фустани понекогаш се навистина „тешки“ за носење и за движење. Комбинезонот е одлична замена, за долгите тоалети, бидејќи пред се е удобен, а во комбинација со убав накит може да биде и луксузен“, објаснува актерката Артертон.

Гема Артертон, Наоми Вотс и Џулиен Мур Гема Артертон, Наоми Вотс и Џулиен Мур

Сепак, не сите го делат истото мислење кога е во прашање избор на креација за црвен килим. Актерките Наоми Вотс, Џулиен Мур и Кејт Бланшет покажаа дека и едноставните тоалети со впечатлив крој се идеално решение со кое може да се изгледа возвишено и гламурозно. Се чини дека оваа сезона на црвениот килим во Кан тоалетите во сирена крој оваа сезона се тотално АУТ. Според, општиот став на модната критика понекогаш изборот на едноставна креација е вистински моден погодок, наместо ризикот да се појавите во дизајн во кој ќе изгледате смешно.

Објавено:
22 мај 2014
Категорија: 
Тренд