За WOW на неделата ја одбравме шпанската актерка Паз Вега која блесна во креација од колекцијата за висока мода на Ralph & Russo. Фустанот во сребрена нијанса и сирена форма ја истакна телесната структура на Вега, а за дополнителна драматичност придонесе големиот црн цвет на едното рамо кој одлично се вклопи со тенкиот црн ремен околу струкот. Актерката изгледот го надополни со бисерни обетки и прстен.
За LOL на неделата а избравме ја избравме Џулиен Мур која на црвениот килим на Кан се појави во фустан со нагласени пердуви и џебови на долниот дел. Пердувите низ целиот фустан допринесоа воопшто да не дојде до израз формата на фустанот, која е во сирена стил. Иако креацијата е од колекцијата за висока мода на модната куќа Шанел, сепак тоалетата воопшто не изгледа елегантно, ниту впечатливо во позитивен контекст.