Овој пат решивме стилскиот двобој да биде помеѓу две дами кои се апсолутно различни во телесната конституција, стилот и професијата по која станаа светски познати, но кои сепак имаа едни од највпечатливите аутфити на годинешното доделување на GQ наградите.

За WOW на неделата ја избравме Кара Делевињ која на манифестацијата се појави во црн транспарентен фустан од Burberry Prorsum, ефектен по својот дизајн кој ја истакна нејзината телесна фигура и секако совршено ги прекри интимните делови. Изгледот го надополни со впечатливи чевли со отворени прсти и бордо нијанса на кармин.

За LOL на неделата ја избравме реалити ѕвездата Ким Кардашијан која за доделувањето на GQ наградите се појави во креација од париската куќа Ralph & Russo. Креацијата беше изработена од кожено боди со изразено деколте и специјално изработено транспарентно здолниште со длабок шлиц на предниот дел.  Изгледот го надополни со сандали од Том Форд и едноставна шминка, но сепак изборот на креација не одговара на нејзината градба, а во конкретниот случај целосниот впечаток е како само да носи долна облека надополнета со здолниште со висок струк. Токму затоа ја избравме за најлош стајлинг за оваа недела.

Објавено:
8 септември 2014
Категорија: 
Без категорија