Се омажи внуката на Грејс Кели!

3 јуни 2019

Во Монако викендов се славеше. Шарлот Kасираги (32), ќерка на принцезата Каролина и внука на Грејс Кели се омажи за францускиот продуцент Димитри Расам (37), инаку син на познатата француска актерка Карол Буке.

Двојката во саботата изговори „да“ пред матичар во една од палатите на кралското семејство, а вечерта се одржа забавата во вилата „La vigie“.

За разлика од другите кралски венчавки, двојката се потруди нивната да биде интимна и не толку достапна за јавноста, за што говори и фактот дека во јавноста се појавија само неколку фотографии.

Шарлот за овој среќен ден за неа одбра два невестински фустани.

Креација на модната куќа „Сен Лоран“ беше нејзиниот избор за дневната свеченост. Се работи за мини фустан од тантела, со панделки, зад кој се потпишува дизајнерот на куќата, Ентони Вакарело.

За вечерниот дел пак, изборот падна на бел невестински фустан од „Шанел“ и тоа од колекцијата за Висока мода. Она што беше посебно воочливо е ѓерданот кој Касираги го носеше. Тоа е истиот ѓердан, дијамантски, кој Грејс Кели го носела на нејзината свадба.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Basilisa Vintage (@basilisa_vintage) onJun 2, 2019 at 3:14am PDT

 

За потсетување, Шарлот и Димитри се заедно од 2017 година, а се родители на едно дете, синот Балтазар. И двајцата имаат уште по едно дете од претходните врски, односно бракови, кои секако заедно со нив го прославуваа овој среќен ден во семејството.

Објавено:
3 јуни 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
6.122 пати