Внуката на Грејс Кели внесе холивудски гламур на „Балот на розите“

28 март 2018

Во Монако вчера се одржа 64-от „Бал на розите“, на кој присуствуваа и членовите на тамошното кралско семејство.

Посебно внимание привлече внуката на Грејс Кели, принцезата Шарлот Касираги. Таа се појави во креација на модната куќа „Сен Лоран“. Се работи за долга, асиметрична креација, во горниот дел волуменозна и бела, додека здолништето е тесно, ја следи линијата на телото и е изработено од црна ткаенина.

Но, она што можеби најмногу привлече внимание во медиумите се новостите кои беа соопштени на балот, а се однесуваат на свршувачката на Шарлот и нејзиното момче, режисерот Димитри Расам. Медиумите успеаја да го фотографираат и свршеничкиот прстен.

Како пренесува магазинот „Hola“, двојката веќе се подготвува за венчавката која ќе се одржи ова лето , поточно во јули и тоа на Сицилија, на имотот на мајката на Диимитри. .

На „Балот на розите“ присуствуваше и дизајнерот Карл Лагерфелд, што предизвика гласини дека можеби токму тој ќе се погрижи за венчалниот фустан на принцезата. Но, без разлика на тоа, тој е добар пријател со кралското семејство, особено имајќи предвид дека мајката на Шарлот, принцезата Каролина е една од музите на Лагерфелд. 

Со своето присуство балот го збогатија и братот на Шарлот, Пјер Касираги со сопругата Беатриче Боромео, која носеше креација на „Алберта Ферети“, а меѓу присутните беше и принцезата Александра од Хановер, која носеше „Шанел“

Кога сме кај кралските венчавки, оваа година ќе биде во знакот на неколку такви. На 19-ти мај е веќе закажана венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, а во октомври истата година, ќе стапи во брак и неговата братучетка, принцезата Јуџин и Џек Бруксбанк.

Објавено:
28 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.086 пати