Омилената кралска двојка, Пјер Касираги, синот на принцезата Каролин од Монако и внук на Грејс Кели и прекрасната Беатриче Боромео вчера стапувањето во брак го прославија во Италија, како што беше и најавено.

Прославата се одржа на езерото Маџори, каде што семејството Боромео поседува имот. За луксузноста и на овој втор дел од венчавката нема потреба да се потенцира, но убавините на Италија и крстарењето со брод, придонесоа за ова доживување да биде уште поромантично.

Убавата Беатриче овој пат се одлучи за фустан во грчки стил со потпис на Armani Prive и повторно предизвика воодушевување.

Пред главната прослава, во петокот беше одржата и т.н. пробна вечера, за што младата Боромео одбра бохо фустан од модната куќа Валентино.

На церемонијата во Италија присуствуваа и голем број познати личности, меѓу кои и пејачката Лана дел Реј, Ева Херцигова, уредничката Франка Соѕани и многу други.

За потсетување, официјалната церемонија се одржа минатата сабота, во кралската палата на Принцот Алберт во Монако, по што следеше и забава во градината, а вечерта беше резервирана за уште една забава во Hotel de Paris.

Објавено:
2 август 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
3.639 пати