Пијер Касираги, синот на принцезата Каролин од Монако и внук на Грејс Кели и прекрасната Беатриче Боромео викендов го кажаа судбоносното да, а во медиумите веќе се појавија и првите фотографии.
Официјалната церемонија се одржа во кралската палата на Принцот Алберт во Монако, по што следеше и забава во градината, а вечерта беше резервирана за уште една забава во Hotel de Paris.
Беатриче, позната по беспрекорниот стил, се појави во два фустана и двата креација на модната куќа Валентино. Изборот и не е изненадувачки, ако се има предвид дека нејзиниот дедо своевремено бил извршен директор на оваа луксузна модна куќа.
Првиот фустан што го носеше на официјалната венчавка беше изработен од пастелно розова и златна тантела и свилен шифон.
Вечерта пак, се појави во бел фустан, со светлуцави украси и повторно го освои вниманието на сите.
На церемонијата присуствуваа околу 500 гости, а веселбата нема да застане тука. Веќе следниот викенд, ќе биде одржана уште една луксузна прослава, овој пат на еден од италијанските острови на аристократското семејство на невестата.