Шлеп на венчаница- симбол од соништата на девојките

22 март 2014

Овој впечатлив сегмент од една венчаница уште е попознат како шлеп или  опаш. Историјата на венчаницата шлепот го позиционира на важно место како детаљ кој ја претставува нејзината луксузност. На секоја венчаница шлепот дополнително ја истакнува елеганцијата од женската силуета, а доколку се одлучите на Вашиот најубав ден да носите ваков модел,  треба да знаете дека овој детаљ во никој случај не треба да е помалку нагласен од останатите елементи од фустанот. Шлепот плени со својата рамантична и сензуална страна која пак од друга страна дозволува декорација со многу везови и слоевитост. Пред да се одлучите да носите ваков модел на венчаница треба да знаете и дека ќе се соочите со неколку ограничувања.

 

Воопшто не е спорно дека на фотографија ќе изгледате како принцеза од бајка, но како компензација за тоа е неудобноста во движењето и можноста материјалот лесно да се уништи и извалка. Треба постојано да го држите во рака или пак да задолжите некого постојано да внимава на вашата „опашка“.  Ако веќе сте сигурни дека сакате ваков додаток на вашата венчаница, погледнете неколку фотографии со преубави шлепови од кои ќе се воодушевите.

 

Објавено:
22 март 2014
Категорија: 
Бела соба