Што носеа познатите модни блогерки на својата венчавка?

30 јануари 2018

Секојдневниот стил на влијателните модни блогерки секогаш наидува на големо внимание кај нивните следбеници, но она што важи за посебен момент на кој се придава особено значење е денот на нивната венчавка и се разбира нивниот стајлинг како невести.

Она што прво се забележува кај сите модни блогерки – невести, е тоа што нивниот венчален аутфит е реплика на нивниот веќе препознатлив стил, се разбира во едно посебно издание.

Па така, ако блогерката е препознатлива по минимлистичкиот имиџ, многу веројатно е дека и нејзината венчаница ќе биде со минималистичка естетика.

Пораката која тие ја испраќаат до сите идни невести, е преку изборот на својата венчаница да се остане доследна на својата индивидуалност и секогаш приоритетно да се земе во предвид типот на венчаница прилагоден на телесната конституција.

Во продолжение издвоивме неколку впечатливи изданија на познати модни блогерки како невести, од романтични со венчаници изработени од деликатна тантела до екстравагантни со драматични венчаници во скулптурни форми.

Оливија Палермо

Оливија Палермо

Леандра Медин

Леандра Медин

Бјанка Чеа

Бјанка Чеа

Елин Клинг

Елин Клинг

Талиса Сутон

Занита Витингтон

Објавено:
30 јануари 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.721 пати