Секоја невеста сака да изгледа совршено на денот на својата венчавка, а тоа што сте бремени не треба да претставува никаква препрека за тоа. Независно од тоа во кој месец од бременоста сте еве неколку правила кои се надеваме дека ќе ви помогнат за да не дојде до било какви непријатности поради блажената состојба. Иако некогаш бремена невеста на венчавка беше табу тема, сега бременоста на овој голем чин треба да ја направи свеченоста уште по посебна, зашто многу набрзо ќе го видите и вашиот плод на љубовта. Бремена невеста не е веќе некаква новина. Според едно истражување се дошло до заклучок дека една петина од продадените венчаници се специјално направени за бремени невести.
Големината на венчаницата се одредува во „последен момент“
Венчаницата која ви одговара сега, сигурно нема да ви биде точна за три месеци, затоа овие проби за венчаницата направете ги кога се останато ќе биде готово. Исто така, не дозволувајте поради бременоста да се одречете од моделот што го сакате. Доколку соработувате со дизајнер, тој ќе направи слична варијанта на она што вие ја сакате.
Не претерувајте со изборот на обувки
Нозете ќе ви отечат, па така високите потпетици од 15 см ќе ја уништат вашата венчавка. Ако инсистирате за нив, задолжително понесете балетанки или ниски чевли за резерва.
Обрнете внимание и на венчалните бурми
На бремените жени често им потекуваат прстите на рацете, затоа осигурајте се прстенот да ви биде точен и пред но и по венчавката. Тоа значи: изберете бурма чиј дизајн дозволува да го носите и откако ќе ви се намали отокот, а притоа да не ви паѓа од прстот.
Избегнете прослава во деветиот месец
Никој не сака да ви пукне водењакот пред матичарот или за време на веселбата. Ако никако не можете да ја направите церемонијата порано, размислете да ја одложите венчавката за неколку месеци по породувањето. На свадбата сигурно ќе сакате да играте, а тоа можеби нема да биде возможно пред породувањето.
Не треба да ве интересира туѓото мислење
Во оваа состојба никој не е достоен да ви суди, затоа што вие не само што се мажите туку и чекате бебе. Стресот е најмалку потребен во ваква состојба, затоа уживајте во моментите и гледајте како најмногу вас ви одговара, а притоа придржувајте се до наведените правила.