Свадбите на модните блогерки

14 октомври 2015

Модните блогерки ги следат модните трендови и на свој начин ги презентираат. Но, за магазинот Gamour дел од најпознатите светски модни блогерки споделија дел од нивните свадбени фотографии, проследени со коментари за тоа што било најинтересното на денот на венчавката, што носеле... А за идните невести има и совети... 

Блог: The Frugality
Младоженци: Александра Стедман и Кристофер О'Донел
Кога: 13.07.2013


Невестата носи венчаница од Delphine Manivet, чевли од Миу Миу и украс за коса од Луј Витон (за дневната варијанта). Потоа, за вечерната прослава, Александра чевлите ги смени со балетанки од Софија Вебстер и украсот за коса со цветен венец од Топшоп. Јапонија е нивната дестинација за меден месец.

-Тоа беше најдобрата авантура во нашите животи. Тешко е да не се забавувате и смеете таму – вели Александра.

А нејзиниот совет за сите идни невести е: Не бидете паничарка, едноставно не вреди. Релаксираната невеста е највеселата невеста. До свадбата беше стресно, но на самиот ден беше релаксирано и навистина уживав во секој момент.

Блог: The Chriselle Factor

Младенци: Крисел Лим и Ален Чен

Кога: 18.09.2012

Невестата носи фустан изработен по нарачка, во комбинација со Гучи чевли и винтиџ накит од нејзината мајка, кој што воедно е и семејно наследство.

- Најдобриот дел од нашата венчавка беше всушност крајот. Јас го изненадив со винтиџ Rolls Royce што го изнајмив и имавме возач кој нè возеше низ градот и назад до хотелот. Така имавме можност да го сумираме нашиот ден и да имаме еден тивок момент насамо. На крајот, во автомобилот и двајцата плачевме од среќа и љубов. Тоа беше мојот омилен момент што никогаш нема да го заборавам. И секако, медениот месец во Грција.

Блог: Tanya Burr
Младенци: Тања Бур и Џим Чепмен
Кога: 03.09.2015

Венчалниот фустан на Тања е класичен и до тантела, со долг „шлеп" и вел, во комбинација со широк ѓердан и ракавици. Нивната венчавка стана мошне популарна и на социјалните мрежи, веднаш по објавувањето на фотографиите, преку хаштагот #jimandtanyagetmarried

 

Блог: What I Bought Today
Младенци: Анели Буш и Сем Буш
Кога: 24.05.2014, во Сплит, Хрватска

Невестата носи фустан што таа и мајка ѝ го дизајнирале, а мајка ѝ и го сошила. Чевлите се Џими Чу.

-Запросувањето беше неверојатно. Ме одвлечка во Њујорк за мојот „роденден" и ме запроси на покрив од една зграда, кој беше уреден само за нас, со пригушени светка, шампањ, свеќи и вечера (моите омилени тестенини). Беше интимно, романтично и бевме само ние двајца. Со други зборови, си ја сработе работата одлично. Медениот месец пак, ни беше тринеделна авантура во Сиднеј, Фиџи и Хонг Конг – вели Анели.

А нејзиниот совет до идните невести е: Потрудете се да уживате во секој момент од планирањето на венчавката и не го уништувајте со стресот. Истото важи и за „големиот" ден. Тоа ќе биде најдобриот ден во вашиот живот и уникатно искуство.

Блог: A Fashion Fix
Младенци: Хана Кроски и Дин Кокс
Кога: 06.06.2015

Хана носи тантелна венчаница, во сирена крој од Проновиас, со вел и во комбинација со Џими Чу чевли. Нивниот меден месец бил на Малдивите, во вила со приватен базен и личен батлер.

Советот на Хана до идните невести: Впијте го секој детаљ. Вашиот ден ќе пролета толку бргу, па уживајте во секоја можна секунда.

Блог: Something Navy
Младенци: Ариел Нахмани и Брендон Чарнас
Кога: 18.10.2014


Венчаницата на Ариел е со потпис на Кристијан Сиријано. Инаку, Брендон ја побарал Ариел за жена на Ноќ на вештерките, кога биле облечени како зомби. За невестата, најдобрите моменти од свадбата се оние непланираните.

-Најдобриот дел од свадбата беше оној после венчавката, кога двајцата се прошетавме во близина, за првпат како венчана двојка, која го згреши патот, па моравме да поминеме низ кујната на ресторанот – вели Ариел.

А нејзиниот совет за идните невести е: Направете фустан во кој ќе можете да танцувате. Ако пак, за церемонијата имате гламурозен фустан, инвестирајте во втора опција, во која ќе можете да се пресоблечете за забавата.

Блог: PoppyD
Младенци: Попи Дизни и Стефан Тејлор
Кога: 18.10.2014

Невестата носи фустан од брендот Laudin, а велот е од Проновиас. Рамните чевли се од French Sole, а накитот од Tiffany&Co.

-Ме запроси утрото на 1-ви јануари, додека сè уште лежев во кревет, во пижами...така што несомнено беше големо изненадување. И двете семејства знаеле дека тој ќе го направи тоа и не ми се веруваше, затоа што тие обично не знаат и не чуваат тајни. Што се однесува до свадбата, најдобриот дел беше црвената церемонија, беше посебно и точно онака како што замислував дека ќе биде. Медениот месец ни беше на Маурициус. Бевме комплетно изолирани на приватен остров до кој секое утро пловевме. Беше рај буквално. Потоа, отидовме до Абу Даби на неколку луди денови, а на враќање бевме и до Лондон. Го одвлечкав да го гледаме „Убавицата и ѕверот" во Бродвеј продукција, што беше дефинитивно еден од првите тестови во бракот".

блог: The Very Simon G
младенци:Сајмон и Никхил Глазел
кога: 21.12.2013


Сајмон носи одело од пролетната колекција на Версаче за 2013, кошула Живаши и чевли Лубутан. Ник пак, носи одело од есенската колекција на Вивијан Вествуд за 2013 година, кошула Живанши и чевли со потпис на Валентино.

Никхил му го поставил прашањето на Сајмон на новогодишната ноќ и тоа за време на нивниот престој во Монте Карло. Нивниот меден месец бил Тајланд.

-Беше комплетно изненадување! Тој клекна и сите тие работи! Знам дека е клише, но свадбениот ден беше апсолутно совршен. Бев убеден дека нешто ќе тргне наопаку, но не. Од музиката, преку храната, црно-белиот дрес код...сè беше убаво – раскажува Сајмон.

Советот за идните невести и младоженци од Сајмон е: Не морате да измислувате топла вода, особено кога се деталите во прашање, но бидете креативни. И некаде на половина од вечерта, изнесете го вашиот партнер некаде на страна, каде што ќе имате поглед на салата, вдишете длабоко и запомнете го моментот!

Блог: Kelli Murray
Младенци: Кели Муреј и Сем Ларсон
Кога: 15.11.2009

Невестата носи фустан на Проновиас и рамни чевли од Џефри Кемпбел. Речиси целата нивна венчавка е „направи сам".

-Немавме голем буџет, па некои од моите омилени детали на тој ден ги креиравме сами. Најдобриот дел од нашата венчавка, според двајцата, е што имавме можност да ја прославиме нашата љубов со сите луѓе што ни значат најмногу на свет.

А советот на Кели е: Навистина сум среќна што инвестиравме во одличен фотограф и снимател. Ми се допаѓа што токму низ фотографиите и видеото можеме да го оживуваме овој посебен ден за нас и во годините што следат.

Блог: Oracle Fox
Младенци: Аманда Шадфорт и Сем Вилијамс
Кога: 20.10. 2010, на Бали

Аманда носи фустан на австралиски дизајнер од Sass&Bide. Не носи чевли, само синџири околу глуждовите.

-Најдобриот дел од нашата венчавка е што имавме мала, интимна група на пријатели кои дојдоа со нас на Бали, без било каков притисок како на големите свадби. Всушност, свадбата и медениот месец беа искомбинирани на истото место, што им овозможи на гостите ако сакаат да останат и на недела дена, да се забавуваат и слават со нас – вели Аманда.

А нејзиниот совет до идните невести е: Инвестирајте во добар фотограф и знајте дека не секогаш морате да се приклоните кон традиционалниот пристап. Исто така, не анализирајте и не размислувајте за сè премногу. Сè е во тоа да си поминете убаво и да се забавувате.

Блог: Happy Distractions
Младенци: Клер Атри и Стив Вајт
Кога: 01.10.2015


Невестата носи венчаница од Мори Ли. На главата има украс специјално изработен за неа.

-Стив ме запроси кога бевме да го истражуваме Бат (Самерсет) и беше комплетно изненадување! Тукушто се вселивме во нашата прва куќа, која ја купивме заедно, па отидовме да бидеме сами на неколку дена, да се релаксираме и тогаш се случи. Што се однесува до свадбата, искрено не можам да побарам подобар ден. Веројатно сите истото го велат, но навистина беше совршено – вели Клер.

А нејзиниот совет е: Потрудете се да уживате и останете мирни. Таму сте за да се омажите за вашиот најдобар пријател и љубовта на вашиот живот, а не да бидете во продукција на настан за вашите гости (иако има моменти кога така ќе се почувствувате). Сетете се на причината поради која е важен овој ден и останете фокусирани. Исто така, макар една вечер не зборувајте еден со друг за венчавката. Или воопшто не зборувајте.

Блог: Susie Sweats
Младенци: Сузи Едвардс и Стјуарт Вајт
Кога: 05.10.2013


Сузи носи венчаница со потпис на Џени Пекам, во винтиџ стил.

-Го сакам Гетсби, поточно нотата што ја имаат фустаните и тоа беше единствениот фустан во кој јас бев сосема јас. Се чувствував гламурозно како никогаш до тогаш и ми се допаѓаше моментот што имаше многу скриени детали на фустанот. Сега ми треба само изговор за да го носам повторно!

Сузи и Стјуарт го започнале својот меден месец во Јужна Африка.

-Сакавме авантура и ја добивме. Искусивме работи во тие две недели повеќе отколку за години и имаме доживотни спомени. Додека вечерате, во кампот шетаат горди лавови...Едно од најадреналинските искуства и воедно најстрашни што некогаш сум ги доживеала – раскажува Сузи.

А нејзиниот совет до идните невести е: Земете неколку моменти во денот кога ќе се повлечете и само ќе набљудувате – гледајте ги гостите како се забавуваат, слушајте ја музиката и вдишете ја атмосферата. Чувството да ги гледате луѓето што ги сакате како се забавуваат на вашата свадба ќе ви остане засекогаш.

Објавено:
14 октомври 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
4.915 пати