Како се создаваше венчаницата на Сијара...

18 јули 2016

Питер Дансас, човекот кој го креираше венчалниот фустан на Сијара, секако со потпис на брендот „Роберто Кавали“, одлучи за модните медиуми да открие како изгледал процесот.

Вели, иако да се најде и насочи инспирацијата не е секогаш лесно, овој пат немал никакви потешкотии.

-Сијара сакаше да се чувствува како принцеза, што всушност е и нејзиното средно име. Ѝ се допаѓаше идејата за неколку слоја материјал и беше отворена за многу мои предлози, како на пример за мотивот на есенски лисја во везот и украсите, што симболизира просперитет и среќа – открива дизајнерот.

Инаку, Дандас е близок пријател на пејачката и моделот, што дополнително ја зголемило возбудата при создавањето на фустанот, како и кратката временска рамка што ја имал за да биде сѐ совршено.

-Првите скици ѝ ги испратив на Сијара четири месеци пред свадбата. Имавме четири проби – две во Њујорк, една во Милано и една во Британија, покрај неколкуте фитизи без неа – вели Дандас, на кој дефинитивно не му е првпат да дизајнира фустан за нечиј специјален ден.

Покрај тоа што креира венчални фустани за пријатели и семејството, познатиот дизајнер го креираше и цветниот фустан на Попи Делевињ која таа го носеше на нејзината свадба во Мароко во 2014 година, како и на Ана Беатрис Барос.

Попи Делевињ

На прашањето, која позната невеста најмногу му се допаѓа, ќе каже:

-Всушност, не обрнувам многу внимание на тоа. На другите. Но, ми се допадна фустанот на Џована Батаља за нејзината венчавка на Капри. Исто така, бев многу среќен за фустанот на Попи, и покрај тоа што е мој дизајн.

И покрај тоа што ужива во позитивната атмосфера околу тој голем настан и фактот дека венчаницата е креација создадена од љубов“, со нејзиното создавање доаѓа и одреден притисок.

-Притисокот настанува бидејќи сакаш некој да изгледа и да се чувствува најдобро од било кога до сега. Јас бев најмногу нервозен кога го создавав фустанот на сестра ми. Мојата прва венчаница беше за една роднина, кога уште студирав. Ѝ ја доставив 14 минути пред да започне церемонијата. Можев многу подобро, но така излезе – се присетува Питер.

Негов совет за идните невести при изборот на венчаница е, да го намалат притисокот на минимум.

-Мислете на една работа што ќе биде направена специјално за вас. Инаку, уживајте во процесот – вели дизајнерот.

Објавено:
18 јули 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.184 пати