Најубавите невести за 2014

16 декември 2014

Тие не воодушевија, изненадија, а ни дадоа и стимул да им ги дадеме најдобрите епитети. 2014 година беше исполнета со повеќе ѕвездени венчавки кои беа едни од најактуелните случувања. Славните дами на кои им го дадовме предзнакот најубави, тоа го заслужија поради целосна идеална слика како треба да изгледа невеста од таков калибар. Минимализмот е заедничкиот сегмент од фустаните во кои тие го кажаа судбоносното Да, а за особено уникатни ги вбројуваме оние на: Оливија Палермо, Соланж Ноулс, Попи Делевињ, Амал Аламудин и секако Анџелина Џоли.

Секоја од нив остана доследна на сопствениот стил, давајќи ја довербата на најзвучните дизајнерски имиња од модната индустрија. Палермо на сите иди невести им покажа дека венчаницата не секогаш мора да е бајковита и светкава, а за тоа се погрижи Каролина Херера.

Сестрата на Кара Делевињ, Попи, ја воодушеви светската јавност со две уникатни венчаници, едната од Шанел, додека другата  во боемски стил со цветен романтичен принт, беше потпишана од Емилио Пучи.

 

За венчаницата на сегашната сопруга на актерот Џорџ Клуни, Амал, се погрижи неодамна починатиот Оскар де ла Рента. Драматичната тантелна венчаница исто така ја селектираме во оние модели што оставија најголем впечаток.

Соланж Ноулс ја имаше најминималистичката венчаница од Кензо. Иако е препознатлива по еклектичниот стил во многу принтови и боја, Солаж за венчавката беше вистинска доминантна принцеза.

Во ниеден случај нема да ја заборавиме уникатната венчаница на Анџелина Џоли која беше изработена од модната куќа Версаче, а рачно доработена односно насликна од нејзините деца. Романтичниот фустан се најде на сите насловни страни, а Енџи изгледаше неодоливо.

 

Објавено:
16 декември 2014
Категорија: 
Бела соба